Mazda лансира привлечна електрична лимузина но изненадува огомната разлика во цените во однос на земјата во која се произведува
Mazda 6e неодамна е лансирана на европскиот пазар, па дури е пристигната и во Македонија по цена од околу 50.000 евра во изведбата Takumi со долг дострел. Споредбено со Германија, каде почетниот модел чини околу 45.000 евра, се чини, поради нашите давачки, тоа е разумна понуда.
Сепак, следи шокантно изненадување кога ќе ги споредите европските цени и оние во Кина, каде што Mazda 6e се произведува и продава како EZ-6. Во Народна Република Кина, каде што се произведува 6e, основниот модел започнува од 159.800 јуани или 19.520 евра, а водечкиот модел чини 181.800 јуани или 22.220 евра. Ова е зашеметувачка разлика бидејќи во Европа истиот модел се продава за 2,2 пати поскапо?
И покрај изгледот, Mazda6e не е креација од Хирошима. Таа е базирана на Changan Deepal SL03 (исто така познат како L07), делејќи ја својата платформа и голем дел од своето основно инженерство со кинескиот модел. Колку и да се плаќаат увозни давачки во Европа, никому не му е јасно зошто постои толкава дисфрапанца. Дали е во прашање алчност или европските купувачи се навикнати секогаш да плаќаат повеќе?


