Само по 100 примероци
Сто години постоење на Maybach се обележува со посебни серии на S и GLS
објавено 05. октомври 2021
Вилхелм и Карл Мајбах, татко и син, се сметаа за надарени дизајнери и пионери во стилот на уредување на автомобилите на почетокот на 20 век. Вилхелм Мајбах, роден во 1846 година, е близок придружник на Готлиб Дајмлер и првично работел за Дајмлер-Моторен-Гезелшафт.

На автомобилската изложба во Берлин во септември 1921 година, Maybach Motorenbau GmbH го претстави првиот автомобил за масовно производство. За одбележување на 100-годишнината, Мерцедес-Мајбах ја претставува „Едиција 100“, специјално издание на актуелните модели од Ѕ-класа и GLS ограничено на по 100 единици. Специјалната серија веќе може да се нарача.



