Maserati MC20 – Танц на снег

Занимливости

Тестови на ниски температури

Новиот супер спортски автомобил Maserati МС20 се подвргнува  на интензивни испитувања на ладно време.

објавено 15. март 2021

Тестирањата за сигурност на пат и патека во различни услови на возење и на завеаните свиоци на автодромот Ливињо ќе дадат резултати како се однесува ”Тризабецот“ на ладно време. Ова е направено за да се оцени ладењето на моторот, перформансите при ниски температури на неговите еластични компоненти и управувањето со автомобилот на ладни и лизгави асфалтни површини. Тестот се изведува и за да се потврди правилното функционирање на системот за контрола на клима уредот во зимски услови, акумулаторот, потпирањето и сопирачките. Екстремните услови не го спречија новиот MC20, всушност, тие го нагласија спротивставениот карактер на овој автомобил, роден од тркачкото наследство на Брендот, но дизајниран за секриско производство.