Maserati GT2 Stradale – Тризабецот на Нептун за богати чаламџии

Најновиот супер-спортски уличен автомобил e симбиоза помеѓу Maserati GT2 и MC20

На темата обединување на модел што настапува во шампионатот GT2 и стилски сериски автомобил, Maserati ја покажа сета креативност на своите инженери и дизајнери. Најновата друмска ракета GT2 Stradale достигнува над 320 км/ч, а моќноста на Netuno моторот е зголемена на 640 КС.

Поради намалувањето на тежината за дури 60 килограми забрзувањето од мирување до 100 км/ч трае само 2,8 секунди. GT2 Stradale ветува максимална динамика. Ова е дополнително нагласено со софистицираната аеродинамика. Исто така, постои опција за зголемување на перформансите преку пакетите за перформанси и достапноста на ексклузивната опрема на Maserati Fuoriserie. Моделот дизајниран за употреба во „секодневието“ се роди од желбата да им се понуди на клиентите уште повеќе технички можности, иновации, дизајни и емоции при возење на пат.

Можеби е ова и покажување на забите на Карлос Таварес, првиот човек на Stellantis, кој отворено се закани дека непрофитабилните марки од групацијата ќе ги прати „на добош“. Поради лошите продажни резултати, „Тризабецот на Нептун“ е под лупа на групацијата Stellantis, но од друга страна си го тера својот филм кој е исполнет со перформанси и емоции. Ако тоа не го препознае групацијата, сигурно ќе го препознае некој инвеститор.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER