Вториот електричен тризабец
Maserati на палетата својот секси кросовер Grecale ја придодаде и електричната верзија според новата номенклатура наречена Folgore. Италијанците не го кријат своето одушевување од неа истакнувајќи дека е скоро подготвена за производство.
За разлика од GranTurismo Folgore кој има три електромотора и архитектура од 800 волти, Grecale има сосема поинаква и поедноставена концепција. Неговиот систем работи на половина од тој напон, а погонската сила ја обезбедуваат по еден електромотор на секоја оска со вкупно 557 коњи. Капацитетот на батериите лоцирани под подот изнесува 105 киловат-часа, а проценетата автономија е 500 километри.
Лошата страна на Grecale Folgore е што е потежок за цели 450 килограми од бензинската алтернатива. Затоа и не чуди што забрзува до сто километри на час за 4,1 секунда што е за три десеттинки повеќе. Располага со четири режими на возење а за комфорот се грижи воздушното ослонување.
Продажбата ќе му стартува при крајот на годината, а за цените се уште нема најава. Но затоа се знае дека наредниот електричен модел на марката ќе биде спортскиот MC20. План на Maserati е до 2030 година целосно да се премине на струја.


