Maserati – Gran Turismo e

насловна Поглед во иднината

Тризабецот со пригушувач!?

Спортската марка од Модена забрзано работи на својот прв електричен модел

објавено 14. јуни 2021

Купето GranTurismo веќе е во по одмината фаза на тестирање во 100% електрична верзија. Со тоа се става до знаење дека моќните бензински мотори со шест и осум цилиндри полека, но сигурно ќе одат во богатите историски архиви на компанијата. Тоа пред две години се случи со дизелите. Продорниот татнеж на моќните агрегати ќе го замени тивкото, но потентно работење на електро моторите. Во пресрет на лансирањето на новиот модел, прототипите се во фаза на интензивни тестирања во отворен сообраќај и на патека во различни услови на исползување. Со тоа се собираат важни податоци за подготовката на финалното дотерување на новитетот. За сега не се споменуваат никакви технички податоци ниту пак кога ќе се промовира првиот електричен Maserati. Едно е извесно, а тоа е дека својата нова шанса марката под закрилата на тризабецот на Нептун ја гледа во струјата.