Во Марторел започна производството на електричните адути на групацијата VW – Cupra Raval и Volkswagen ID.Polo
Марторел станува центар на новата генерација урбани возила кои ќе ја електрифицираат Европа – започна производството на Cupra Raval и Volkswagen ID.Polo. Тие се дел од семејството од четири модели од три марки конструирани со цел електричната мобилност да ја направат попристапна.
За отворањето на ова ново поглавје во историјата на групата Volkswagen, во фабриката се вложени три милијарди евра како дел од заедничкиот проект со шпанската влада и конзорциум од други компании.
Погоните на Seat поминаа низ длабока трансформација и сега претставуваат индустриска сила подготвена да ја електрифицира Европа. На ред се купувачите на кои им се ветени цени кои стартуваат од 25 илјади евра.


