Германскиот тјунер Mansory кој се занимава исклучиво со луксузни и суперспортски автомобили се надмина себе си
Овој пат, за облагородување на Rolls-Royce Cullinan, како материјал употреби чисто злато.
Автомобилот кој е настанат на барање на сопственикот на компанијата Иранецот Курош Мансори, својот купувач ќе го бара каде ако не во Дубаи.
Вниманието посветено за изработката на овој примерок на британскиот луксузен теренец не треба да се коментира.
Материјалот чии цени денес рушат историски рекорди е искористен за сé што на серискиот модел е хромирано вклучувајќи ги и тркалата.
Со инсерти од злато се опточени и деловите на каросеријата направени од јагленородни влакна. И внатре сé е подредено на него, дискретно оставајќи некои елементи во црна боја.
Колку злато е потрошено од Mansory не кажуваат, но затоа велат дека се позанимавале малку и со моторот кој е засилен за четириесетина коњи. Цената на ова возило е деловна тајна.