Крадел делови во фирмата каде работел, ги продавал на интернет
Кражби има секаде, секакви, но оваа заслужува внимание – омилен меѓу колегите, еден 42-годишен Британец крадел делови во фирмата каде работел, ги продавал на интернет. И така малку по малку, сигнал до милион фунти. Случајот е откриен кога се појавиле сомнежи дека фактичката состојба на залихите не одговара со книговодствената по што е покрената интерна истрага. А таа открила дека некои од деловите кои им фалат во магацините се појавуваат на eBay. Понатаму приказната лесно се расплетува притоа откривајќи детали за неверување. Осомниченото лице веќе две години крадело од компанијата која се занимавала со дистрибуција на автомобилски делови. Никој не се сомневал во него бидејќи таму работел повеќе од две децении. Така тој успеал да си присвои илјадници компоненти меѓу кои и скапи електронски модули, сензори и каросериски делови. Мотивот не е познат бидејќи од компанијата велат дека имал стабилна и добро платена работа со сите бенефиции.


