Мала ѕвезда со голем сјај
Во време кога пролетта цути со сета своја убавина, Peugeot го обнови малиот 108
Објавено на 28 мај 2018 година
Нови технологии, нов мотор, свежи и прилагодени решенија – така Peugeot ги опишува измените направени кај малиот 108 за кој вели дека сјае како голема ѕвезда. Наменет за помладата популација, нив најмногу ќе ги интересира тоа што 108 сега на располагање им е со MirrorLink, Android Auto и Apple CarPlay, 7-инчен екран чувствителен на допир, задна камера, препознавање на сообраќајните знаци, Keyless Entry&Go, систем за автоматско запирање, предупредување за промена на коловозната лента, Hill Start Assist… Додадени се нови бои во палетата кои можат да се комбинираат со црн покрив и ретровизори, а нови колорни опции има и за внатрешноста. Моторот е трицилиндричен еднолитарски со старт-стоп систем и плус 4 коњски сили, така што сега ги има вкупно 72. Троши просечни 3,8 литри на 100 километри, ги задоволува Еуро 6.C нормите, а може да се комбинира со петстепен мануелен или автоматски менувач.