Македонска премиера – Peugeot 308

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Новиот 308 со македонски документи

Адутот на Peugeot во компактната класа паркиран за изложба

Уште кога бевме во Кан на меѓународното тест возење добивме информација дека новиот 308 би требало да пристигне кај нас околу Новогодишните празници. Така и бидна. Во салонот на Еуроимпекс се појавија два лампиони што ја подгреваат романтичната зимска атмосфера.

Црвената и зелената боја на каросеријата не само што се трендовски туку и најдобро ги оцртуваат линиите на францускиот лав. Уверливиот и впечатлив дизајн на каросеријата сега е растегнат за 11 сантиметри благодарение на, исто така, растегнатото меѓуоскино растојание. Првично пристигнатите примероци се со пет врати, а во скоро време се очекува и караванската изведба. Во новиот 308 ништо не е оставено на случајот и подредено е на високите ергономски стандарди обликувани и накитени со квалитетни материјали, конективни технологии и еколошки двигатели.

Во двете каросериски изведби се скроени за сечии потреби и желби. Од самиот почеток понудени се изведби со термички мотори, бензинци и дизели, со зафатнина од 1,2 до 1,6 литри. Најсилниот бензинец е основа за приклучниот хибрид со две силини, од 180 до 225 коњи, додека потполно електричната изведба би требало да ја видиме годинава. Ние бевме многу задоволни од тест возењата и како 308-ката се држеше на патот. Особено треба да се истакне динамиката проследена со традиционално избалансираното однесување, добрата опременост веќе од стартниот модел и конективните технологии проследени со завидно ниво на дигитализација па оние што сакаат да се присетат на нашите импресии можете да се информирате на следните линкови https://www.avtomagazin.com.mk/prvo-voze%d1%9ae-peugeot-308/ и https://www.youtube.com/watch?v=pRlcqVs0Ocg  Цените се во формирање и се очекува да бидат објавени по празниците. За повеќе информации обратете се во Еуроимпекс.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER