Македонска премиера – Peugeot 3008 Hybrid

Македонија насловна

Чопорот се зголемува!

3008 со приклучен хибрид е трета електрифицирана верзија на Peugeot кај нас

објавено 13. октомври 2021

Нога повлече електричната верзија на 208 после која логично следеше адекватна на кросоверот 2008, а сега напонот се префрли во 13,2 киловат часовна батерија способна да обезбеди околу 60 километри со нулта емисија на издувни гасови. 3008 се нуди во две изведби чија основа е 1,6 литрениот турбо-бензинец од семејството PureTech. Во верзијата со погон на предните тркала се добиваат комбинирани 225 коњи. Беџот Hybrid4 означува погон на двете оски преку два електрични мотори поставени на задните тркала. Оваа синергија резултира со 300 КС. За повеќе информации информирајте се на сајтот на увозникот www.peugeot.com.mk.