Македонска Премиера – Opel Grandland

Големата земја електрифицирана

Денеска, во салонот на Opel, Еуроимпекс и официјално го претстави новиот Grandland.

Популарниот крос-овер се придружи на семејството Opel во Македонија. Сега стокмен во потполно ново светло, преку изгледот на предницата во т.н. Vizor стил каде зад решетката се кријат сензорите и радарите за асистентите во возењето. Внатрешноста има добри пропорции, а најдобрата глетка е резервирана за возачот кој преку PurePanel дигиталната инструмент табла има јасен преглед на сите параметри а лесно му е воочлив и централниот дисплеј што е во продолжение. Понуден во три нивоа на опременост новиот Grandland ја има истата моторизација како и новата Astra. Термичките мотори се класични бензинци и дизели засилени со турбо впрегнати со шест степен мануелен и осум степен автоматски менувач. Понудени се две плаг-ин изведби со 225 и 300 коњи. Посилната има два електро-мотори и погон на сите тркала. Почетната цена изнесува 24.500 евра. За повеќе информации обратете се кај генералниот увозник Еуроимпекс.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER