На домашната автомобилска сцена блесна новиот Sportage!
KIA не прекинува да изненадува на европскоиот пазар. По се изгледа дека од голема важност за овој добро етаблиран производител се малите пазари, третирајќи ги подеднакво со дотур на нови модели. Најдобра потврда за тоа е македонската премиера на популарниот Sportage, спортско-корисно возило кое во својата петта генерација ги содржи сите завети кон иднината што ги превзема KIA.

Sportage се натпреварува во еден од најбрзо растечките сегменти, кој сега има пазарен удел од 17 проценти во Европа. Во однос на димензиите, дизајнерите одолеаа на искушението да ги зголемат, така што Sportage во должина нарасна за само три сантиметри, на вкупни 4,51 метри поставени на меѓуоскино растојание од 2,68 метри. Во висина е додаден еден сантиметар. Новата премиум ориентација на марката може да се види во внатрешноста. Висококвалитетни материјали, многу лакирани површини, голем екран чувствителен на допир свртен кон возачот, кој очигледно беше инспириран од електричниот модел EV6, ја подвлекуваат новата премиум филозофија. Патниците ќе најдат доволно простор во задниот дел. Увозникот КИА Моторс Македонија е особено горд што за премиерата подготви четири нивоа на опременост.
Првите три се однесуваат на Reference, следи спортската GT Line, а за почетокот на продажбата во Македонија понудена е ограничена серија опремена со сите ставки на менито и, логично, го носи името First Edition. За да остане верен на својата теренска ориентација Sportage се нуди во изведба со погон на сите тркала наменета за помоќните двигатели. Следната година на помош ќе пристигне хибридната изведба, а до тогаш задолжени се по две верзии на бензинскиот и турбо-дизел моторот. Двата се со зафатнина од 1,6 литри. Бензинеците се со 150 и 180, а дизелите со 115 и 150 коњи. Во промотивното ниво First Edition цените се движат од 24.900 до 31.300 во зависност од моторот, дали е со мануелен или автоматски менувач и преносот.
Повеќе информации можете да добиете во KIA центарот на ул. Перо Наков или на сајтот www.kia.mk

