Македонска премиера – FIAT 500 Cabrio Dolcevita

Македонија насловна

Убавина што го одзема здивот

Театрална појава на оплеменетата кабрио изведба. Слатка домашна премиера…

објавено 29. јули 2021

Во духот на најромантичното време во минатиот век, Dolcevita со гламурозен стил потсетува дека сé уште не е доцна да се слави животот. Инспириран од минатото, опремен за иднината  500 Cabrio Dolcevita овозможува иконски дизајн богат со технологија. Сериската опрема вклучува богата листа која се однесува на технологијата, безбедноста и модните детаљи. Сериски екранот е на допир Uconnect™ 7” HD со „таблет ефект” кој поседува широк избор на функции, систем за гласовни команди, технологија Bluetooth®, гласовно препознавање и mirroring со компатибилните Apple CarPlay и Android Auto™.

Новата гама Fiat 500 започнува со верзијата Cult, продолжува со нивото на опременост Connect, додека Dolcevita е посветено на љубителите на гламурозен начин на живот. Понудата ја комплетира едицијата Sport. На домашниот пазар новата гама Fiat 500 доаѓа во понуда со бензинскиот мотор 1.2 69 КС Euro 6D и умерениот хибриден склоп 1.0 70 КС Euro 6D, двата со значајно намалени нивоа на штетни издувни гасови. За повеќе информации за новата гама Fiat 500 посетете ја официјалната страна www.fiat.mk  или овластената продажна мрежа на Fiat во Македонија.