Летно освежување
Оптимистичкиот изглед на флотата на двојниот шеврон засилен со С3 Aircross
објавено 29. јули 2021
Мускулозно обликуваната предница го има препознатливиот за марката светлосен отисок виден кај С3 и С4. Заедно со мрежестата маска на ладилникот формираат впечатлива целина со изразена нота на индивидуалност. Кросоверски скроената каросерија е 4,18 метри долга но понудени се многу опции за персонализација вклучувајќи седум бои на каросеријата, четири пакети на опременост, избор на две бои на покривот бела или црна…

Бројните можни комбинации за уредување на интериерот имаат четири почетни амбиенти кои можат да се надградат по желба и спецификација на купувачот. Новиот С3 Aircross е опремен со корисни технологии за поголема пасивна и активна безбедност. Тоа се 12 интуитивни помагала на возачот кои го поедноставуваат секојдневното користење како хедап дислпеј во боја, систем за активно сопирање, автоматска контрола на снопот на светлата и асистенција при паркирање. За поопремените верзии може да се нарача иновативниот електронски систем InteliGrip Control кој ја нагласува кросоверската намена на C3 Aircross со асистенција за возење по удолница.

На тоа се додаваат конективните технологии Citroën Connect Nav со ”огледало” функција компатибилен со Android Auto и Apple CarPlay, девет инчен екран чувствителен на допир, безжично полнење на телефон итн. Новиот C3 Aircross се нуди со гама на ефикасни и мотори со висока перформанса PureTech бензинци и BlueHDi дизели. Распонот на силата кај бензинците е 110 и 130 коњи додека дизелите се со 110 и 120 коњи. Почетната цена е од 16.190 евра. Детални информации на https://www.citroen.com.mk/vozila/nov-c3-aircross-suv/.


