Македонска премиера – Citroen C3 Aircross

Возбудливиот и храбар изглед е поддржан со голем внатрешен простор и препознатлива удобност

Новата генерација на C3 Aircross претставува радикален пресврт во класата на мали кросовери. Велиме радикален, бидејќи од претходникот го превзема само името.

Веќе од првата средба, во изложбениот салон на увозникот Автонова, јасно е дека по многу нешта отскокнува од своите конкуренти. Со масивен, но рафиниран изглед типичен за новите модели на „двојниот шеврон“, C3 Aircross јасно дава до знаење дека ќе ги исполни очекувањата на оние кои очекуваат повеќе возила во едно.

Благодарение на новата платформа на Stellantis должината е растегната на 4,39 метри што е дури 24 сантиметри подолго од стариот модел.

Затоа во внатрешноста има многу простор, особено на задната клупа на која се седи како во удобен тросед. Атмосферата во кабината е пријатна.

Од зголемувањето на димензиите не профитира  само патничката кабина, која, патем речено, може да има и трета клупа и оваа мини палата на тркала да ја претвори во возило за седум патници.

Гепекот со раскошен капацитет од 550 литри овозможува на семејствата да не се стегаат кога одат на одмор. Кај нас мразот ќе го кршат изведбите со 1,2 литрен турбо-бензински мотор од 101 КС со шест степен мануелен менувач како и неговата верзија со благ хибрид посилна за 44 КС и автоматска трансмисија.

Веќе во основното ниво YOU има забележителен пакет на опременост поддржано со системите за асистенција на возачот. За оние што сакаат повеќе може да бираат помеѓу изведбите PLUS и најбогатата MAX.

Она што позитивно  изненадува е фактот што цените започнуваат од 18.450 евра додека најскапата достига 25.690 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER