Индија станува новата Кина

Земјата која е четврти по големина производител на возила во светот за последниве пет години ја има зголемено својата продукција за неверојатни 72 отсто, далеку надминувајќи ги Јужна Кореја и Германија. Прогресот и амбициите најдобро ги илустрира присуството на Mahindra во формула Е шампионатот уште од неговата инаугуративна сезона 2014-тата.

Иако и сега познат по застареноста на некои од своите модели, овој производител цврсто гази во електричната иднина. Најновото негово остварување во овој сегмент е кросоверот XEV 9S кој е прв во земјата со три реда седишта. Базиран е на бензинскиот XUV700 од кој драстично се разликува по предниот дел. Поголем дел од компонентите се преземени од другите електрични модели, вклучувајќи ги електромоторите од 231, 245 или 286 коњски сили.

Со најмоќниот до сто километри на час забрзува за 7 секунди и постигнува максимални 202 километри на час, а погонот е исклучиво на задните тркала. Во зависност од изведбата се испорачува со три пакети батерии кои овозможуваат автономија меѓу 520 и 680 километри и подржуваат брзи полначи со моќност од 140 до 180 киловати. Внатрешноста има три екрани напред и уште два за патниците во средниот ред а панорамскиот покрив го имаат сите верзии.

Побогато опремените пак нудат и такви нешта како адаптивен темпомат, автоматско паркирање, Harman-Kardon аудио-систем и друго. Цените стартуваат од 19 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER