Три години после најавувањето Lucid Motors конечно го претстави вториот свој модел.

Ако седанот Air имаше за задача да го предизвика  Model S, кросоверот со ознака Gravity со својата позиционираност и големина ќе атакува на Model X. Се карактеризира со очигледно внимание посветено на деталите и доста престижна завршна обработка,  заради што и неговата цена која се очекува да не надмине 80.000 долари се смета за поволна.

Техничките спецификации не се целосно обелоденети, но најавена е употреба на нова генерација електромотори, покомпактни и полесни, со преку 800 коњски сили. Електричниот систем работејќи на 900 волти ќе овозможи батериите со струја од 350 киловати за 15-тина минути да се дополнат за поминување 320 километри. Не е познат ни нивниот капацитет, но се наведува дека автономијата на возилото ќе изнесува повеќе од 700 километри.

Lucid Gravity треба за околу 3,5 секунди да долета до стотина километри на час, а покрај носивоста од 680 килограми ќе може да влече приколка од 2,7 тони. Дизајнот му е смирен, во истиот стил како што е и седанот. Понудата на простор во ентериерот со седум седишта делува ветувачки.

Пред возачот е закривен 34-инчен ОЛЕД екран, а на централната конзола уште еден под кој се сместени копчиња чувствителни на допир за често користените команди. За врвен комфор се задолжени управувањето на задната оска и воздушното ослонување со автоматска или рачна регулација на височината.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER