Lotus истовремено ги пензионираше Elise, Exige и Evora

Крај на една, почеток на друга ера

објавено 24 декември 2021

Британската марка која постои од 1948 година стави крај на една своја ера истовремено пензионирајќи ги Elise, Exige и Evora. Тие мораа да отстапат од сцената за да се отвори простор за почетокот на новата електрифицирана ера закажан за пролетта што доаѓа. Несомнено е дека кај љубителите на вистинскиот автомобилски адреналин овој неминовен потег на компанијата ќе предизвика солзи. Elise се произведуваше од 1996 година, Exige како негова хард-кор изведба пристигна четири години подоцна, а светот ја виде Evora во 2009-тата. До крајот на своите кариери Elise успеа да привлече 35.124 купувачи, Exige 10.497 а Evora 6.117, или вкупно трите модела кои имаат заеднички гени се продадени во 51.738 примероци. Иако делува малку за 25 години, сепак станува збор за голем успех за компанијата бидејќи оваа бројка претставува скоро половина од сите возила која таа ги има произведено во својата 73-годишна историја. Треба да се спомене и дека нивната механика беше основа и за вкупно 9.715 други возила пласирани под ознаките на Tesla, Daewoo и Vauxhall.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER