Lotus Emira – Доаѓа верзија со четири цилиндерски мотор

По соработката со Toyota, Lotus за својот модел Emira обезбеди помал мотор од AMG

Во светот на спортските автомобили правилата што се вообичаени за лансирање на моделите од големо сериските марки не важат. Тоа најдобро го покажува егзотичниот Lotus кој две години по претставувањето на Emira го лансира својот основен модел.

Само за потсетување, Emira беше претставена со 3,5 литарски V6 од Toyota кој беше дотеран да произведува 406 КС и 420 Nm вртежен момент и  способна е за само 4,5 секунди да го совлада спринтот до стотка. На претстојниот фестивал на брзината во Гудвуд Lotus најави изненадување. Иако нема никакви најави околу цената, се очекува истиот автомобил да биде поевтин од актуелниот.

Така мислат сите, но доколку се земе во предвид дека четирите цилиндри се потпишани од AMG можеби нема да има ценовни шокови. Дво литрениот мотор иако има два цилиндри помалку тој испумпува 365 КС, 430 Nm вртежен момент и достига максимални 290 км/ч! Истиот е веќе употребен во Mercedes A 35 AMG, а во Lotus тој забележува за нијанса подобри перформанси. Одговорорт на енигмата е аеродинамиката и помалата тежина.

Впрочем неговото портфолио е скоро идентично со веќе позната верзија задвижувана со јапонската V6 машина. Тоа го потврди и проанешниот возач во Формула1 Џејсон Батон кој активно учествуваше во фабричките тестови на изведбата со дволитрен мотор. Затоа можеби разликата во цена на двата модели ќе биде занемарлива. Испораките би требало да започнат во крајниот квартал на годинава кога ќе бидат објавени цените. По повод на прославата на 75 годишнината од оснивањето на компанијата во Гудвуд ќе продефилираат Eletre и Evija. Со ова Lotus демонстира дека е подготвен за потполна електрификација на својата гама, но дека не е подготвен да се откаже од своето наследство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER