Lotus Eletre – Објавени нови детаљи

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Од 603 до 905 коњи!

Со објавувањето на техничките податоци за новиот Eletre, Lotus покажа дека е подготвен да го шокира светот.

Рецептот е едноставен. Како во светот на недвижностите се важни три правила, а тие се локација, локација и локација, кај електричните возила, по се изгледа се, сила, сила и сила. Тоа го потврдува по кој знае кој пат Lotus кој гордо истакна дека неговиот електричен знаменосец ќе има 905 коњски сили чија цена е поставена на 120 илјади фунти.

Забрзува до 100 километри на час за само 2,95 секунди, а може да потегне до максимални 265. Електричниот кросовер ќе се нуди уште и со 603 коњски сили во две пакувања, со цени од 89.500 односно 104.500 фунти. Автономијата на посилната варијанта изнесува 490 а на послабата 600 километри со едно полнење на батериите кои имаат солиден капацитет од 112 киловат-часа.

Светот прв пат се запозна со овој најголем и најисчекуван модел на Lotus во историјата уште во март годинава, но тогаш не беа објавени деталите за него. Со него се најавува трансформацијата на британската компанијата од производител на спортски автомобили во глобална марка со пошироко портфолио. Заснован на темелните начела и гените на Lotus, овој прв нивни кросовер ќе го расчистува патот до следната генерација нови модели.

Колку успешно докажуваат илјадниците нарачки на купувачите кои на него ќе чекаат до идната година. Прецизниот датум на пазарното лансирање сé уште не е објавен. Ќе се произведува во супермодерна фабрика на Geely во Кина.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER