Lotus E-R9

насловна Поглед во иднината

Подготовки за 2030

На многумина 2030 им е далеку, но во Lotus веќе ја обликуваат!

објавено 17. февруари 2021

Lotus го претстави E-R9, драматична студија за дизајн на потполно електричен болид наменет за трки на издржливост што може да се појави на стартно-целните рамнини во сезоната 2030 година. Британскиот специјалист за спортски автомобили во своето портфолио има 13 шампионски титули во Формула 1 и сосоема е јасно дека нема да се откаже од своето наследство. Според визијата на дизајнерите на Lotus, иднината на автомобилскиот спорт е во електричниот погон со изразена аеродинамика. E-R9 е развиен од Lotus инженеринг, одделение задолжено да обезбедува проекти за надворешни клиенти. E-R всушност е кратенка од Endurance Racer, додека 9 е натпреварувачки број на автомобилот внимателно избран во знак на почит кон тркачкото минато на Lotus. Токму со Mark IX во 1955 година, компанијата го имаше своето деби на 24 часа Ле Ман, а меѓу возачите се натпреваруваше основачот  Колин Чепмен.  Доколку се реализира во 2030 година E-R9 ќе пристигне во име на прославувањето на 75-годишнината од постоењето на Марк IX.

Главни меѓу аеро иновациите на автомобилот се неговите „обликувани“ панели на каросеријата. Сместени во должина на делта профилот ќе обезбеди минимален отпор на воздухот на правците и максимален потисок во свиоците. Lotus E-R9 е замислен да биде опремен со напреден електричен погон кој напојува секое тркало независно, систем подобрен со векторски вртежен момент. Се базира на технологија веќе интегрирана на чистиот електричен хиперавтомобил Lotus Evija, иако за E-R9 ќе биде целосно прилагодлив од возачот во движење. Густината на складиштење на енергијата во батеријата и густината на моќноста значително се развиваат од година во година. Пред 2030 година, ќе има комбинирани батерии со хемија и со ќелии кои го даваат најдоброто од двата света, како и можност за брза замена на сетот батерии за време на посетите на боксот. Тежината на електрификацијата на Lotus ја превзема хипер автомобилот Evija. Со оглед дека три модели одат во пензија годинава, нивното место ќе треба да се потполни со нови електрични модели, па патот во електрификацијата ќе биде поплочен со предизвици за кои Lotus делува дека е подготвен да им одговори.