Lotus :: Каде е иднината?

Каде е иднината?

Кина или нема да ја биде – тоа е прашањето за иднината на Lotus сега

Објавено на 29 јануари 2019 година
Автор: Жарир Филип Хамдан

Кинеската корпорација Geely најави дека ќе го префрли производството на Lotus во Кина како резултат на напуштањето на Велика Британија на Европската Унија. Според Кинезите сегашната фабрика нема веднаш да престане со работа, туку тоа ќе се случи по неколку години. За тоа време паралелно ќе работи и новата фабрика во Кина, која ќе има капацитет за 150.000 автомобили годишно. Тие со ова сценарио планираат да го вратат Lotus на патеките на некогашната слава. За жал, малкумина веруваат дека тоа е остварливо. Geely е сопственик на Volvo и London Taxi и во нивните примери покажа дека знае како да настапи. Lotus сепак е поспецифичен и слични сценарија се потешко остварливи. Најдобар доказ е некогашниот британски а сега исто така кинески производител MG, на кој и покрај сите обиди никако не му успева ништо од плановите.

Продавајќи 1.630 автомобили, Lotus лани ја имаше најдобрата година во декадава. Оваа компанија што Geely ја презеде пред година ипол од малезискиот Proton имаше доста големи амбиции. Во 2010-тата беа најавени шест нови модели, но од тоа ништо не се оствари. Од Geely велат дека се подготвени да инвестираат 2 милијарди фунти во иднината на Lotus.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER