Линда Џексон – Interview

насловна Поглед во иднината

 

Peugeot ќе стане важен интернационален играч!

Линда Џексон е извонреден менаџер која кариерата во автомобилскиот бизнис го започна во родната и Англија во Citroen. Таа успеа да се искачи до местото на извршен директор на Citroen каде направи реформи во компанијата, ја постави на здрави нозе и ја дефинира иднината на ”двојниот шеврон“.  Кога ја осигура компанијата и заврши мандатот, а сега е во истата улога во Peugeot. Пријатна и отворена за разговор несебично ги дели своите идеи, одговара директно и без ескивирање. За нејзините извонредни достигнувања е препознаена од најголемото независно жири AUTOBEST од каде и е доделено местото во алејата на великаните на автомобилските менаџери прогласувајќи ја за најдобар менаџер во светот на автомобилите за 2019 година.

објавено 14. април 2021

 

Госпоѓо Џексон вие сте основоположник на новите темели на Citroen, а сега ја добивте истата улога во најстариот автомобилски бренд на Светот. Кои се хоризонтите на иднината? Веќе се откажавте од САД поради интересот во рамките на групацијата Stellantis, но цврсто ги држите командите во Кина. Како ова ќе се одрази на традиционалните пазари на Пежо?

– Во право сте. Јас дојдов во Peugeot кој во моментов е многу здрав бренд и многу добро му оди во Европа и многу други земји. Но мојата главна цел е да го направам Peugeot повеќе интернационален и затоа вашето прашање е перфектно. Тоа е токму она што сакам да го направам за Peugeot. Сакам да го направам Peugeot поинтернационален во три региони кои специфично нудат големи можности за нас. Првиот е Јужна Америка, вториот е Блискиот Исток и Африка и третиот е Кина. И во право сте, ние престанавме со сите претставувања во САД и остануваат овие три региони кои за мене се во фокусот. Морам да го продолжам моментумот и динамиката, порастот и успехот што го имаме во Европа и на некои од поголемите европски пазари, но мора да бидеме повеќе интернационални. А за тоа како ќе го направиме тоа, ќе го користиме истиот рецепт како и за Европа. Значи, имаме многу силна глобална гама и би рекла дека тоа е најдобрата гама што ја имаме во многу години. Покрива сé – од мали возила, SUV модели до поголеми возила. Но ќе почнеме а и веќе почнавме да користиме некои модели кои се посебно развиени за Блискиот Исток и Африка, Јужна Америка и Кина. Само колку да ви дадам два примера – првиот е еднотонскиот пикап Landtrek кој веќе е лансиран на Блискиот Исток и во Африка, а ќе биде лансиран и во Јужна Америка. Другиот е за Кина каде и ќе се произведува. Значи ќе ја користиме глобалната гама и некои модели направени за специфични региони. И се разбира ќе продолжиме со новиот бренд-идентитет кој сепак е многу важен за позиционирањето. Како што рековте ние веќе сме присутни на тие пазари но сега треба со нов бренд-идентитет и ние на тие пазари ќе го користиме истиот рецепт како што го имаме за Европа. Но секако малку адаптиран за тие региони, со специфични модели и имајќи во предвид на пример што сакаат потрошувачите во Кина. Мислам дека е тоа она каде што најмногу направивме грешки во Кина, што тие навистина сакаат, затоа мора да имаме гама која ќе биде специфично адаптирана за кинескиот пазар. Ние сега тоа го исправивме и имаме најсовремени SUV модели што ги лансиравме таму или ќе бидат лансирани, на салонот во Шангај на пример 4008. Значи навистина најсовремени. Исто така навистина внимаваме каква порака ќе им испратиме на нашите клиенти во Кина во однос на квалитетот, сфаќањето на квалитетот, довербата во брендот и така натаму. И секако новиот бренд-идентитет ќе се имплементира и во Кина исто така, всушност со првото дилерство кое ќе се отвори на 19 април. Значи навистина многу добро прашање за тоа каде Peugeot ќе оди понатаму.

 

Едно е очигледно – одите со електрификацијата и тоа многу силно. За блиска иднина најавивте, не вие лично туку компанијата, дека ќе имате повеќе електрични модели. Но исто така го имате во групата и Opel кој е далеку отиден со развојот на горивните ќелии, а имате и простор во вашата EMP2 платформа да ја имплементирате оваа технологија. Дали вие лично мислите дека горивните ќелии се иднината на мобилноста?

Мислам, за да го одговорам прашањето глобално, електрификацијата е многу важна во моментов и ние во Peugeot ја туркаме електрификацијата. Уште од 2019-та секој модел што го лансиравме има електрифицирана верзија, плаг-ин хибридна или целосно електрична. И како што знаете јас веќе изјавив дека до 2025-та 100% од нашите возила ќе имаат електрифицирана верзија. Затоа е многу важно да покажеме дека сме лидери во нудењето на електрични возила на нашите клиенти. Но во исто време мора да бидам искрена кон вас и да кажам дека ние нудиме и паралелен избор на нашите клиенти, што значи дека тие имаат избор заради тоа што имаме мултиенергетски платформи. Тие имаат можност без оглед на тоа кој модел ќе го одберат, да одберат и кој тип – бензински, дизел, електричен или плаг-ин мотор ќе одберат и затоа мислам дека тоа е важна работа. Кога ќе преминеме на горивните ќелии? Да, ние всушност најавивме, на 31 март мислам, дека Stellantis групата има решение – средноголемо доставно возило кое е базирано на Peugeot Expert. Во суштина ја тестираме технологијата на горивните ќелии. Специфично е развиено за тестирање кај бизнис-клиенти во нивните возни паркови, за оние возачи кои често возат на долги дестинации и мора брзо да дополнат гориво. Тоа значи дека решението што Stellantis го прави е компромис или избор помеѓу нула емисии, многу важно, со истиот простор и капацитет за товар како и верзијата со мотори со внатрешно согорување, што е многу важно за тие клиенти. Брзо се дополнува, за три минути, и има повеќе од 400 километри автономија според WLTP нормите. Значи го тестираме пазарот, а Peugeot е дел од Stellantis и ова е ограничен број на возила и ќе видиме како тоа ќе функционира. Stellantis работи, а Peugeot е дел од таа група и дали тоа ќе биде финалното решение, јас не знам. Но секако за тој вид на клиенти, сигурно е.

 

Во последните два месеци сведоци сме на лансирање на неколку SUV модели кои се направени од некои големосериски брендови за пазарите во развој. Вие имате производствени објекти во Латинска Америка и Азија и дали мислите дека ваквиот пристап или ваквата алхемија дава плодови? Сите компании сакаат да имаат пониски производствени трошоци за да имаат поголем профит. Дали мислите дека оваа формула ќе биде успешна во блиска иднина бидејќи некои пазари како Индија и Кина се многу атрактивни за многу производители. Мислам на овие пазари и на некои делови од Африка.

 

Прашањето е интересно и дозволете ми да одговорам на овој начин. Најпрво, како што знаете, имаме стратегија на модели кои се носечки за брендот, кои се ограничени на еден одреден број изведби глобално достапни, и веќе ги произведуваме тие возила во земјите за кои се наменети. На пример за Кина ги произведуваме возилата во Кина. За Јужна Америка на пример, 208 кој е наголемо присутен насекаде во Европа, е столб и за таму и се произведува во Ел Паломар за јужноамериканскиот пазар. Значи веќе го имаме тоа, но тоа е причината за која јас зборував претходно за Landtrek пикапот, затоа што да бидам искрена кон вас, тоа е модел кој е развиен посебно за Блискиот Исток, Африка и Јужна Америка и секако тоа може да биде пример за развој на модели за тие пазари. Мислам дека дефинитивно постои потреба понекогаш кога треба да зборуваме за специфични примери кога е релевантно да имате модел специфичен за одреден регион и мислам дека пикапот е очигледен пример. Знаете, кога ќе го земете во предвид пазарот на пикапи, тоа е огромен пазар, а 50 проценти од пазарот на комерцијални возила се пикапи. Но тој пазар не е особено голем во Европа, но во секој случај е многу важен за овие региони – Блискиот Исток, Африка и Јужна Америка. Па затоа ги развивме посебно за таму. Затоа мислам дека таму каде што има специфични примери, таму има и можности. Но генерално ние имаме стратегија на носечки модели и сакаме нашите глобални модели да ги понудиме низ целиот свет. Се разбира, се обидуваме да ги произведуваме поблиску каде што можеме, на пример во Јужна Америка или во Кина.

Да, но на пример Volkswagen, Škoda и некои други брендови имаат планови таквите модели да ги донесат во Европа. Затоа и прашав за профитот и производствените капацитети надвор од Европа и за увоз на овие модели во Европа. Затоа што Citroen исто така го прави тоа. Некои модели кои се произведуваат во Кина среќаваат на европскиот пазар, или на глобалниот пазар.

Мислам дека знаете дека во рамките на Peugeot, како што веќе реков, имаме многу добро оформена гама, многу скорешно воведување на нови возила кои, како што знаете, сите се за Европа, кои го покриваат односот на профит и волумен, значи, клучниот сегмент. И веќе ги имаме оние кои се произведуваат во Европа, поблиску до тоа каде се продаваат. Мислам дека знаете што се однесува до Peugeot, тој е многу успешен во Европа со својата етаблирана стратегија на клучни модели и тие возила се произведуваат низ Европа, во многу земји низ Европа. Мислам дека знаете, тоа е нешто што веќе е оформено и очигледно дава резултати и секако со позиционирањето на Peugeot кој е краен генералист. Сé уште достапен за нашите клиенти, но е краен генералист. Но мислам дека придобивката да имате други возила за мене е за другите региони за каде што ќе успееме да имаме посебно развиени модели. А сепак ќе го задржиме нашето позиционирање. Така стои Peugeot, имаме стратегија на носечки модели и веќе ги произведуваме во Европа и се многу, многу успешни, со позиционирањето со кое се здобивме, а потоа се сегментите во кои би можеле да бидеме во некои други региони. Мислам дека друга работа е многу важна за Европа. Кога зборуваме за моделската гама секако дека морам да го видам 208 усогласен со нормите за CO₂ емисии. Тоа секако е клучно за нас и секако како што знаете поранешниот PSA како што секогаш велевме и сé уште сметаме дека мораме да ги задоволиме нормите за емисиите. И мислам дека исто така тоа е многу важно за возилата што се развиваат. Не дека велам дека некои други региони не гледаат на почитување на околината, но секако тие се во различна фаза кога е во прашање емисијата на CO₂.

Многу важен дел од брендот на Peugeot е мотоспортот. Тој е надвор од официјалните програми, но сакам да знам кои се вашите планови за мотоспортот. Имате потентни модели, особено новиот 508 кој е хибрид, па затоа дали мислите дека треба да се вратите во светскиот шампионат во рели, WTCC или некои такви натпревари.

 

Значи, во суштина два дела, два одговора на прашањето. Во рамките на мотоспортот решивме дека ќе одиме на WEC светскиот шампионат на издржливост и Леман. Тоа веќе го изјавивме, тоа е делот од мотоспортот во кој ќе бидеме. Значи, WEC што очигледно е Леман, е она што Peugeot ќе го направи, ќе бидеме во него и тоа е она што ќе го направиме.

Тоа ви е во дворот… Мислам на Леман.

Да, во дворот ми е, апсолутно во дворот. Тоа е што се однесува до активноста во мотоспортот. Во исто време ние го воведовме или сме во процес на воведување на она што ние го нарекуваме гама на Peugeot Sport Engineering моделите. Првиот е 508… Тоа е за мене, за да објаснам зошто ги правам Peugeot Sport Engineering моделите, всушност е да направам врска помеѓу сета технологија која ја развиваме за спортските возила и како можеме да ја користиме таа технологија за возилата кои се веќе во гамата, на пример. И затоа се прави таа врска. Затоа последователното прашање што ќе ми го поставите е сигурно дали 508 ќе биде единственото возило во Peugeot Sport Engineering серијата и мислам дека одговорот на вашето прашање е дека ќе има и други, но сé уште е рано да се каже. Но, за мене мотоспортот е WEC и Леман, а од друга страна имаме и серија на модели кои се, ако сакате така да кажам, многу иновативни и доаѓаат до перформансите на многу различен начин, доаѓаат со Peugeot иновации. Како што знаете 508 Peugeot Sport Engineering e со многу, многу ниска, под 46 грама CO₂ емисија. а има 360 коњски сили. Значи тоа се перформанси, но перформанси кои ја почитуваат околината. Значи, ако сакате така да кажам, доаѓаме до перформансни возила на многу различни начини, иновативни начини. Тоа е само почеток на приказната. Значи, имаме два аспекта на мотоспортот. Нема да одиме во нешто друго, дефинитивно е WEC. Во рамките на мотоспортот исто така се навраќаме на она што јас сакам да го направам, треба да го направиме Peugeot интернационално и секако WEC се појавува во многу држави, не само на Леман кој е во мојот двор, туку се одржува и во други држави.

Ви благодарам многу за вашето време и одговорите. Имате големи предизвици пред вас и ви посакувам да ве следи успехот.

Благодарам многу и чувајте се.