Градско електирично автомобилче
Myli ќе доаѓа со три типа на батерии за различни урбани потреби
Францускиот производител на микро автомобили Ligier се подготвува силно да удри и во електричниот свет. За тоа го подготви моделот Myli, кој класифициран како лесен четирицикл може да се вози со наполнети 14 години.
Уште на прв поглед е забележлив трудот на дизајнерите кои сакале ова три метри долго автомобилче да се истакнува со својот изглед. Согласно целната група и строгата законска регулатива погонските опции му се ограничени на мал електромотор од 7,6 коњски сили и три типа батерии.

Тие според прелиминарните технички податоци ќе му обезбедат автономија од 60, 125 или 190 километри, а времето на полнење зависно од големината се движи меѓу 2 ипол и нешто над 6 часа.
Максималната брзина е лимитирана на 45 километри на час, така што за задоволството на тинејџерите во возењето ќе се грижи солидната опременост за возило од оваа класа. Бидејќи целта на компанијата е овој модел да стане референтен во неа, цената му е поставена на 12.500 евра без вклучени државни субвенции.

Продажбата во Франција ќе му започне наредниот месец, а се споменува и извоз на други пазари.


