Li Auto ја мерка Европа

Уште еден кинески производител фрли око на европскиот автомобилски пазар

Релативно младата компанија Li Auto отвора истражувачки и развоен центар во Германија за да добие увид за очекувањата на купувачите и подобро да се запознае со прописите. Li Auto го привлече светското вниманието со електричниот моноволуменец Mega кој има коефициент на отпорот на воздух од само 0,215.

Под футуристичките линии се кријат револуционерни технологии кои дозволуваат моќност на полнење од дури 520 киловат-часа, што значи дека батериите ќе се наполнат за само 12 минути. Во каросеријата долга 5,35 метри има место за седум патници на кои на располагање им се доста луксузни нешта.

Електропогонот има 543 коњски сили а цената во Кина му изнесува околу 70 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER