Претставен унапредениот Lexus NX (видео)

Ново лице и доста промени под кожата

Lexus NX влегува во новата моделска година со невообичаено обемно освежување и унапредувања во скоро сите сегменти. Покрај модернизираниот изглед во фокусот се новите хибридни погонски системи, целосно редизајнираната внатрешност, унапреденото ослонување и бројните технолошки подобрувања.

Основните пропорции останаа исти, ама NX сега изгледа помодерно. Најголемата промена е на предниот дел каде новата маска складно интегрирана во каросерија е проследена со редизајнирани светла, додека назад се забележува нова светлосна графика. Внатрешноста која е инспирирана од новите ES и TZ е заснована на хоризонталната архитектура и комбинира дигитална инструмент табла и централен мултимедиски екран поставени во иста линија на погледот. Новата функција Responsive Hidden Switches ги крие командите сé додека раката не се приближи – дури тогаш копчињата се осветлуваат.

Најголемата техничка новост се однесува на NX 450h+ чиј плаг-ин хибриден систем доби нови литиум-јонски батерии со капацитет од 23 kWh со што електричната автономија порасна на 100 километри. Истовремено вкупната сила е зголемена на 307 KS, а брзото полнење ветува достигнување 80% за околу 30 минути. Новост е и можноста за напојување надворешни уреди со моќност од 1.500 W. Унапреден е и класичниот NX 350h хибрид кој има подобрено ладење на батериите и зголемена ефикасност.

Првите испораки на NX кој е еден од најважните модели на Lexus во Европа се планирани за пролетта 2027-мата. Цените засега не се објавени.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER