Lexus LM – Транспортер за богати

Спротивно на сите трендови

Додека сите други еден по еден ги умираат своите моноволуменци, Lexus реши да се вклучи во пазарната трка во овој сегмент.

И тоа сериозно, правејќи ја глобален модел втората генерација на луксузниот LM  кој досега се нудеше само во Кина и неколку азиски земји. Дизајнот на ова комби ќе остави нерамноправно поделени мислења.

Ќе има такви на кои ќе им се допаѓа, но поголем дел сигурно ќе го мислат истото што и ние. Но затоа кога ќе се погледне внатрешноста сите ќе останат без зборови. Замислена и изведена како израз на статусниот симбол и материјалната благосостојба на оние што се возат во него, иницијално нуди повеќе отколку што може да се сфати дека потребно.

Платформата од Camry и Highlander со прилагодливи амортизери обезбедува мирно возење, а каросеријата долга 5.125 и висока 1.945 милиметри широкограден простор. На возачот на располагање му се виртуелна инструмент табла и мноштво камери за надзор на целото опкружување на возилото, а на сите патници кожен ентериер и пријатна атмосфера што ја обезбедува  Mark Levinson музичкиот систем.

За организација на внатрешниот простор достапни се две опции. Првата е со три реда седишта за седум патици и поединечни фотелји во средниот ред. Загревани и со електрично задвижување секоја од нив во наслоните за раце има посебен екран чувствителен на допир.

На покривот е монтиран панел за управување со климатизацијата, а електронскиот помошник може да препознае гласовни команди кои стигнуваат од различни места за седење во возилото. Полуксузната верзија располага со само две фотелји во задниот дел, електрохроматско стакло со различен степен на пропустливост на светлината и телевизиски приемник од 48 инчи.

Седиштата можат да бидат поставени така да овозможуваат пријатни сништа, а електрониката се грижи при нагли запирања патниците не излизгаат од нив. Плус на сé тука е и активниот систем за пригушување на бучавата. Новиот Lexus LM дебитираше со хибриден погон на сите тркала, а за некои пазари ќе следат и чисто бензински верзии.

Срцето му е шестцилиндрично 2,5 литарско спарено со континуирана безстепена трансмисија, чии 250 коњски сили ќе го дотераат до максимални 190 километри на час. Ќе следи и посилната верзија со 350 коњи и осумстепен автоматски менувач, чии спецификации не се објавени. Ниту цената не е позната, но сигурно е дека ќе биде изгор голема.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER