Lexus LF-ZC – Japan Mobility Show 2023

Lexus со ривал на Model 3

За разлика од хибридните технологии, Lexus доцни со електрификацијата

Зачекорувањето во новата ера за Lexus е задоцнето во однос на конкуренцијата, но компанијата нема да ја преспие иднината за која здраво се подготвува. Еден од моделите што може да се очекуваат ќе произлезе од концептот LF-ZC покажан на Japan Mobility Show. Со големина колку Tesla Model 3, овој електричен автомобил ќе има батерии кои ќе понудат двојно поголема автономија. Барем така тврдат Јапонците, нагласувајќи дека ќе биде поставен на нова архитектура и ќе користи нов производствен процес наречен гигакастинг,кој, случајно или не, ефективно делејќи го автомобилот на три главни делови многу наликува на оној на Tesla.

Што се однесува до дизајнот, од Lexus најавија дека серискиот модел можеби ќе се разликува во обликот на каросерија со елегантни пропорции. Внатрешноста во која се користени се одрживи материјали ја продолжува футуристичката тема на екстериерот со волан во облик на јарем и џиновски екран пред сопатникот. Тој исто како и инструмент таблата се подржани со најновите достигнувања во секторот на вештачката интелигенција, како и систем за препознавање гласовни команди.

Иако наголемо се фалат со новата електрична архитектура, Јапонците не даваат никакви информации за големината на батериите, ниту пак спецификации за погонот. Сериската верзија треба да ја очекуваме во 2026 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER