Јапонците се надеваат дека најмалиот модел, кој на пазарот ќе дојде вгодина, ќе го зголеми обемот на продажба во Европа. LBX наскоро ќе биде најмалиот Lexus што досега ќе биде лансиран на пазарот и првенствено е наменет да привлече нови купувачи на луксузната дивизија на Toyota. Тој е скроен да им се допадне првенствено на помладите европски клиенти а очекувањата се дека годишно ќе шармира 25.000 нови купувачи.


