Lexus – Успешно го заврши тестирањето на Ѕteer-By-Wire

RZ ќе биде првиот модел на Lexus во Европа „управуван преку жица“ и доаѓа до крајот на 2024 година

Технологијата „Steer-By-Wire“ на Lexus работеше непречено за време на тестирањето минатиот месец во Јапонија, давајќи ги истите повратни информации што возачот би ги очекувал од автомобил со механички пренос на управувањето.

Тоа ја охрабри премиум марката на Toyota да најави дека по Јапонија, каде ќе го понуди својот електричен кросовер RZ базиран на Toyota bZ4X, и европските купувачи ќе го почуствуваат благодетот на управување преку жица, веќе кон крајот на идната година. Клучна предност на системот Ѕteer-Вy-Wire е тоа што воланот повеќе не е механички поврзан со тркалатаи управувачкиот столб повеќе не е потребен. Сензорите на воланот испраќаат импулси до електричниот мотор кој ги управува тркалата.

Решението обезбедува и поголема прецизност бидејќи дејството на управувањето варира во зависност од брзината и типот на пoдлогата. RZ е опремен со втора генерација на системот Ѕteer-By-Wire, кој му овозможува на Lexus да испорача агол на управување од 200 степени.  Од ова ќе имаат бенефит и моделите на Toyota кои опремени со Ѕteer-By-Wire ќе пристигнат во Европа од 2025 година. Првата Тојота со оваа технологија најверојатно ќе биде електричната bZ4X, која е донатор на RZ.

Toyota објави дека почнувајќи од bZ4X, сите инструмент табли на нејзините автомобили ќе бидат дизајнирани да ја надополнат правоаголната форма на воланот. Во системот Neo на Toyota, Ѕteer-By-Wire нема педали. Забрзувањето и забавувањето се контролираат од управувачот. Решението првично беше развиено за возачи кои не можат да ги користат своите нозе, но технологијата би можела да има поширока примена во иднина. Оваа технологија на управување на возило без педали би можела да се примени на идните автономни возила каде мануелната контрола би била исклучок, а не правило.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER