Лондонското такси со нова задача
Од производство за лондонски такси автомобили, Geely ја трансформира компанијата центар за електрични возила
Десет години откако ја презеде целосната контрола над познатиот лондонски производител на такси возила, Geely процени дека е време да го подигне неговото работење на глобално ниво. За таа цел подготвена е стратегија во чиј центар е новата електрична платформа. Развивана две ипол години во Кина, Шведска, Германија и Велика Британија, таа ќе биде основа за комби возила и патнички автомобили со поголеми димензии.
Прилагодлива е во однос на должината и меѓуоскиното растојание а рамниот под овозможува сместување на дури четири реда седишта. Заради различните примени ќе има класично челично за товарните или воздушно ослонување за патничките изведби, а се планирани три пакета батерии. Основната ќе биде литиум-железо-фосфатна со капацитет од 73 киловат-часа а другите две од 102 и 102 киловат-часа ќе бидат со имплементирана никел-кобалт-манган технологија.
Повеќе опции би биле достапни во однос на погонските склопови и се очекува најсилната да има повеќе од 500 коњи. Кај верзиите со два електромотора примарен за задвижување би бил задниот додека предниот ќе се активира по потреба. Најавено е дека првиот модел лансиран на оваа платформа ќе биде од сосема нов сегмент за компанијата која досега има произведено десет илјади електрични возила.


