Стартот од Милано
Stellantis ѝ удри шлаканица на италијанската влада – лансирањето на Leapmotor во Европа стартуваше од Милано и тоа агресивно – полскиот T03 со цена од 18.900 а кинескиот C10 од 36.400 евра. Европските купувачи сигурно ќе бидат заинтригирани со ваквата понуда, посебно кога зад неа стои гигант како Stellantis. Малиот Т033 не е нов модел – тој е на пазарот од 2020 година и во Европа ќе настапува како конкурент на Dacia Spring, Citroen e-C3 и Fiat Panda. Има електромотор од 95 коњски сили и автономија од 265 километри. Кросоверот C10 пак е релативно нов, додаден во гамата лани. Како алтернатива на Tesla Model Y тој располага со 218 коњски сили и батерии доволни за поминување 420 километри.
Се очекува Lepamotor да ја проширува својата европска гама со лансирање на нов електричен модел секоја година до 2027-мата. Продажната мрежа планирана да се состои од 350 дилерства ќе започне да се шири од Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Романија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија. Но нема да запре тука – Leapmotor преку Stellantis ќе биде понуден и на Блискиот Исток, во Африка, Индија, Австралија, Нов Зеланд, Тајланд, Малезија, Бразил и Чиле. За тоа ќе се грижи заедничка компанија во која Stellantis има 51 а Leapmotor 49 отсто учество.