Продорот на европскиот пазар кинескиот Leapmotor ќе го продолжи со нова верзија на својот електричен кросовер С10. Дебито се очекува на Саемот за автомобили во Брисел на почетокот на јануари кога истиот модел ќе се претстави како REEV (RangeExtendedElectricVehicle). С10 има електричен мотор од 215 КС и 1,5 литарски мотор со согорување кој служи како генератор на енергија. Батеријата има капацитет од 28,4 kWh е наменета да обезбеди струја за 145 километри без полнење. Благодарение на продолжувачот на опсегот, бензинскиот мотор кој служи како генератор за струја за полнење на батериите, Leapmotor C10 REEV треба да може да помине околу 950 километри без никакво надополнување. Во циклусот WLTP, кој е специјално пресметан за овој тип на погон, теренецот има стандардна потрошувачка од 0,4 литри на 100 километри и испушта 10 грама CO2 на километар. Leapmotor е нова ѕвезда и надеж на групацијата Stellantis која стана мнозински сопственик на кинеската компанија која сè уште нема дадено никакви информации за перформансите на моторот со согорување.
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu