Leapmotor B10 тргна кон Европа

Првата пратка од третиот модел на кинескиот производител е на пат кон европските купувачи

Претставен лани на салонот на автомобилите во Париз, Leapmotor B10 е на пат кон Европа – првата пратка од 2.500 возила веќе е товарена и се очекува да пристигне наредниот месец. Динамичниот SUV од Ц-сегментот наменет за нова генерација возачи. Го задвижува електромотор со 218 KS и 240 Nm со кои забрзува до 100 km/h за само 8 секунди. Максималната брзина е ограничена на 170 km/h а во зависност од големината на батериите има автономија од 361 односно 434 km.

Направен е на нова напредна архитектура, има 17 напредни системи за помош на возачот. Опременоста очекувано е богата – панорамскиот стаклен покрив од 1,8 m² е стандарден а во побогатиот пакет доаѓа со екокожени загревани, вентилирани и електрично подесливи седишта и други погодности. Цената во поголем дел европски земји му е поставена на 29.900 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER