Stellantis го лансираше првиот европски Leapmotor, моделот B05.

Премиерно покажан лани на салонот на автомобилите во Минхен овој хечбек ќе се произведува во Шпанија што му овозможува да има цена од 26.900 евра која е за дваесеттина отсто пониска од најблиските конкуренти. Со должината од 4,43 метри се сместува во компактниот сегмент и ќе настапува како клучен адут на кинеската марка за освојување на довербата на купувачите. Затоа и сé на него и во него е подредено на тоа.

Има електромотор од 218 коњски сили кој ги задвижува задните тркала а батериите вградени во структурата на возилото му овозможуваат автономија од 401 односно 482 километри. Напредните системи за безбедност и асистенција во возењето се подржани со лидар а коефициентот на отпор на воздухот му изнесува само 0,26. Првите примероци ќе стигнат до купувачите набргу.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER