Land Rover – Defender

Занимливости насловна

Со Џејмс во авантура…

За три недели ќе го видиме Defender во екстренми услови на мачење!

објавено 03. септември 2021

Цела година помина од комерцијалното лансирање на новата генерација на Кралот на теренците, а таа не беше проследена со филмот каде  Defender во последната мисија на 007 му е од голема помош. Премиерата беше два пати одлагана поради пандемијата. Третиот обид, по сé судејќи, ќе биде успешен и закажан е на 30 септември. „Нема време за умирање“ е 25-тиот филм од франшизата за Џејмс Бонд кој е осуден на успех. Свесни за шансата маркетерите на Land Rover најдоа причина за ексклузивен специјален модел ограничен на 300 примероци.

Land Rover Defender V8 Bond Edition има препорачани цени од 134.300 евра за верзијата 90 и 137.900 евра за долгата каросерија означена како 110. Специјалистите во одделот за нарачки на Land Rover SV го разбираат специјалното издание на Defender како реминисценција на децениската врска помеѓу Land Rover и филмовите 007. Како специјално издание за Бонд, Defender 90 или Defender 110 се опремени со Extended Black Pack како и тркала од 22 инчи, ксенон сини сопирачки шепи и многу други ексклузивни детали. Неодамна воведениот V8 мотор во Land Rover Defender сега располага со 525 коњи и гарантира дека е верифициран за најтешките мисии.