Новото работно место на „бранителот“ е во Центарот за управување со кризи
Согласно своите активности како општествено одговорни компании, Ауто Валис Дистрибјушн, регионалниот увозник, и Аутомобили Гроуп, дистрибутерот на возилата Jaguar и Land Rover во Македонија, отстапија на користење нов Land Rover Defender Hard Top N1 на ЦУК.
Центарот за управување со кризи е инстутуција надлежна за превенција, рано предупредување и справување со кризи меѓу кои и спасување на загрозени лица од непристапни терени и во тешки временски услови. Land Rover Defender ќе биде најиздржливиот и еден од најспособните сојузници на вработените на ЦУК кои годишно имаат над 100 интервенции низ Републиката.
За полесно да одговорат на сите предизвици тие ќе имаат на располагање Land Rover Defender Hard Top N1, убедлива комбинација на теренски способности, практичност и товарен простор, импресивна носивост до 800 kg кај верзијата 110 и можност за влечење приколка до 3.500 kg со опција за прилагодување на внатрешноста. Без вториот или третиот ред седишта, Defender 110 Hard Top нуди товарен простор до 2.059 литри.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изрази голема благодарност напоменувајќи дека Land Rover Defender ќе овозможи да им се помогне на сите граѓани на кои им е потребна помош на непристапен терен и тешки околности, но и да се поддржат проектите за заштита на животната средина.
Од Ауто Валис Дистрибјушн истакнаа дека оваа соработка е дел од еден поширок регионален и долгорочен проект. Land Rover Defender е возило кое може да стигне до сите терени, па во рамките на проектот веќе е отстапен за помош и користење на служби и организации за спасување во регионот, а отсега и во Македонија.