Lancia Ypsilon Rally2 HF Integrale

Враќање на славните денови?

Lancia денес е само сенка од своето поранешно „јас“, но посветено работи да го врати имиџот кого макотрпно го градеше на рели патеките.

Во случај да сте заборавиле, Lancia е најуспешниот производител на автомобили во историјата на WRC, освојувајќи 10 светски првенства со иконски модели како што се Delta, 037 и Stratos помеѓу 1974 и 1992 година. Сега на сцена доаѓа Lancia Ypsilon Rally2 HF Integrale, кој сака повторно да ја ја врати славата на марката во класата WRC2.

Сè уште не се знае кога ќе ја видиме во акција, иако логиката ни кажува дека тоа би можело да се случи следната година во шампионатот WRC2, можеби веќе во јануари 2027 година, за време на релито во Монте Карло.

Иако Lancia не ги откри спецификациите, знаеме дека е во согласност со прописите на Rally2 ќе биде опремена со 1,6-литарски четирицилиндричен турбо мотор со околу 285 КС поврзан со петстепен секвенцијален менувач и систем за погон на сите тркала со механички диференцијали и минимална тежина од 1.230 кг.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER