Lancia Rétromobile изложба во Париз – Rally 037, Stratos и Delta HF Integrale

Фантастичното рели трио

Lancia со своите рели возила има освоено повеќе титули од било кој друг во автомобилскиот свет!

Прогресивно-класична марка која има за цел да стане посакувана, веродостојна и почитувана во европскиот премиум сегмент постои повеќе од 116 години. Нејзиното минато и иконските возила учествуваа во пишувањето на историјата на автомобилската индустрија во Италија и во светот. Детално ревидирани од програмата „Lancia Classiche“ тие ја демонстрираат посветеноста за заштита и промовирање на оригиналноста и автентичноста на славно минато.

Lancia Rally 037 е чист спортски автомобил и беше последното возило со погон на две тркала што го освои Светскиот рели шампионат во 1983 година, против моќните противници со погон на сите тркала. Преставен во 1982 година на Саемот за автомобили во Торино, тој беше произведен во 200 единици за да добие виза за настап во групата Б, но само 53 од нив беа стокмени за натпревари. Своето деби го имаше на релито Коста Смералда во април 1982 година а официјално започна да се натпреварува во сезоната 1983 година со фабричкиот тим „Lancia Martini Racing“. 037 доминираше во Светскиот шампионат од неговата прва трка и го освои Монте Карло со Валтер Рорл на возачкото место. На крајот на сезоната, и покрај силната конкуренција од новото Audi Quattro со погон на сите тркала, Lancia го освои Светскиот шампионат за конструктори и го освои второто место во Светскиот шампионат за возачи, како и Европското и Италијанското првенство.

Опремен со четирицилиндричен мотор развиваше од 260 до 305 КС врз основа на капацитетот на моторот (од 1995 до 2111 ццм), Rally 037 се покажа како лесно, агилно возило со високи перформанси и беше супериорен секаде каде што ќе настапеше. Ова беше овозможено и благодарение на неговата оригинална хибридна, монококна и тубуларна структура „прилагодена“ од работилницата Pininfarina, која разви агресивно и елегантно тело со значителен аеродинамичен потисок. За да се постигне максимална ефикасност, изработен е во полиестер со засилувања од фиберглас, а хаубата и капакот на багажникот можеа многу брзо да се откачат. По него дојдоа Stratos и Delta HF Integrale кои продолжија со доминацијата од која конкурентите во Светскиот рели шампионат се „поболеа“. Трите модели се сведоци на златните времиња на Lancia. По нив веќе ништо не остана како што беше. Во новиот милениум компанијата се бори да го сочува местото под сонцето и сонува да се врати на стариот курс.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER