Lancia Pu+Ra HPE – Најавена ренесанса на марката

Започна ревитализацијата на Lancia

Lancia е марка со гордо минато која, поради лоши политики на FIAT, падна испод заслуженото ниво.

Некогаш господар на рели патеките и отмените возила денеска се сведе само на еден модел. И да биде иронијата поголема, Ypsilon се продава само во Италија. Сега е најаваена втората младост на Lancia.

Италијанската марка ќе ја искористи шансата што и ја даде Stellantis користејќи ја славата што сé уште ја има искомбинирана со модерните времиња што доаѓаат. Со својот изглед концептот наречен Pu+Ra HPE верно потсетува на легендарниот Stratus наведувајќи на помисла дека еден убав ден во иднина повторно ќе ги видиме моделите на Lancia на рели натпреварите.

Рака на срце тоа тешко дека ќе се случи но затоа сигурно е дека италијанскиот бренд ќе предизвикува емоции, не само со дизајнот. Тоа го кажува ознаката на концептот која е кратенка од чист, радикален, високоперформансен и електричен.

Во неговиот дизајн се обединети неколку карактеристични стилски елементи на најславните модели на марката, почнувајќи од Beta преку споменатиот Stratus до вечните Flaminia и Aurelia.

Течните линии агресивно се обединети во скулптурално дело какво што може да произлезе само од перата на италијанските дизајнери, силно истакнувајќи ја визијата за идните модели на марката. Тие според определбата ќе бидат електрични и полни со нови технологии од кои нешто веќе е најавено со овој концепт.

Според директорот на компанијата Лука Наполитано прв нов автомобил треба да биде наследникот на малиот Ypsilon, во 2026-тата ќе следи знаменосецот на марката Gamma а две години подоцна и хечбекот Delta. Сите ќе ги одликува начинот на кој ќе се доживува автомобилот без разлика на класата на која ќе припаѓа.

Со оглед на временската рамка во која се очекуваат, италијанскиот производител не споменува детали за електричниот погон наведувајќи само дека како манифест на брендот е замислено возилата да нудат преку 700 километри автономија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER