Lancia денес го слави својот 120-ти роденден

Малку автомобилски брендови во светот го достигнале овој јубилеј

Lancia е марка што се судрува со многу проблеми, но е една од ретките во светот што оставила длабока емотивна трага и еден куп титули во Светскиот рели Шампионат. Сто и дваесет години брилијантни идеи, технолошки иновации и автомобили со впечатлив карактер, кои успеале да ја одразат еволуцијата на општеството и да помогнат во дефинирањето на самиот концепт за италијански стил.

Сè започна во Торино, на 27 ноември 1906 година, кога Винченцо Ланча и Клаудио Фоголин, двајца ентузијасти за автомобили, основаа компанија која ќе се издвојува по оригиналноста на своите креации. Винченцо, кој веќе бил докажан возач на тркачки автомобили (зад воланот на возила од марката Fiat), во новиот потфат внесе исклучителен технички инстинкт и визија за автомобилот во која инженерството, естетиката и удобноста се неразделни. Тоа е визија што опфаќа дванаесет децении историја, а денес наоѓа нов израз во моделите Ypsilon и Gamma.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER