Lamborghini Urus – Небото е граница

Top News Занимливости

Дивиот бик го вивна Lamborghini во стратосферата!

Од претставувањето до денеска произведени се 10.000 примероци на Urus

Објавено на 21.07.2020

Таборот на ”разбеснетиот бик” има извонредна причина за славење. Lamborghini спаѓа во друштвото на производители на супер автомобили, а веќе две години во своето портфолио има спортско-корисно возило. И замислете, за нешто повеќе од 24 месеци колку е во продажба, успеа да ја достигне бројката од 10.000 продадени парчиња.

Името го доби по дивиот бик со карактеристично долги рогови, а се покажа како подеднакво застрашувачки за конкуренцијата бидејќи покрај четири литрениот V8 моторот во кого пумпаат стероиди две турбини, каросеријата има многу делови изработени од јагленородни влакна и префарбана е во специфични бои. Луксузот на интериерот е во функција на грубата сила . Јубилејниот примерок со број на шасијата 10.000 е наменет за купувач од Русија, каросеријата е офарбана во новата мат црна боја додека интериерот доминира црната и портокаловата боја со задолжителни компоненти од јагленородни влакна. Од првото претставување во декември 2017. Година Urus значајно придонесе за зголемувањето на вкупната продажба на Lamborghini правејќи го најпопуларен модел кој успеа лани да го крене производството дури за 43% во однос на 2018-та од 5.750 на 8.205 возила годишно.