Lamborghini Temerario е наследникот на Huracán

Со претставувањето на Temerario, целата гама на Lamborghini е електрифицирана

Ветувањето дека секој нов модел ќе го надмине претходникот во однос на перформансите, издржливоста и еколошките показатели, е одржано.

Хибридизацијата на гамата е завршена, па сега „разулавениот бик“ може да размислува на целосно електричен модел. Тоа се политички коректни размислувања, но пред тоа да се случи, да видиме што нуди Temerario. Во однос на претходникот Huracan,Temerario има два цилиндри помалку.

Моторот му е V8, но поради помошта на електромоторите системски испорачува 920 КС и го пренесува на сите тркала. Згора на тоа, најавено е дека спринтот од мирување до стотка го апсолвира за 2,7 секунди, а запира со забрзувањето кога ќе достигне 340 км/ч. По вокација Temerario е приклучен хибрид.

Основа на движењето е четири литрениот би-турбо V8 чија моќност е 800 КС и се „врти“ до 10.000 пати во минута, па затоа ветува посебно звучно искуство. Електромотор со аксијален проток што се лади со масло е интегриран во блокот на моторот. Ги пополнува празнините во вртежниот момент на моторот на согорување и го поддржува осумстепениот менувач со двојна спојка.

Овој збирен блок ја движи задната оска. На предната оска работат два дополнителни електрични мотори со вкупно 300 КС. Ова создава погон на сите тркала кој секогаш оптимално го распределува вртежниот момент на секое тркало користејќи векторирање на вртежниот момент. Сепак, погонот останува фокусиран на задната оска. Батеријата има скромна енергетска содржина од 3,8 kWh и сместена е во централниот тунел, што обезбедува низок центар на гравитација за автомобилот, кој тежи 1.690 килограми.

Во електричен модус на возење Temerario може да помине симболични четири километри, а потоа се вмешува октетот цилиндри. Последниот Huracan со погон на задните тркала чинеше нешто над 200.000 евра. Иако нема никакви официјални најави за цената, се очекува Temerario да биде многу блиску до границата на 300.000 евра. Сепак, електрификацијата е скапа.

 

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER