Преку спортот се гради иднината
Lamborghini Squadra Corse ги откри првите технички спецификации на својот проект LMDh наменет за претстојниот потфат во класата Hypercar на Светскиот шампионат за издржливост на FIA. Автомобилот ќе има хибридна погонска единица која се состои од мотор со внатрешно согорување и систем за враќање на енергијата со комбинирана моќност од максимум 500 kw (681 КС). Се знае дека ќе се користи V8 мотор со поставеност на цилиндрите под агол од 90 степени и два турбо полначи. Целата енергетска единица е развиена во спортското одделение Squadra Corse и е во согласност со одредбите разбеснетиот бик за хибридизација на идните модели. Натпреварувачко деби е закажано за 2024 година кога на дело ќе се покажат најавените динамички својства. Треба да постигнува максимална брзина од 340 km/h и ќе тежи 1030 kg без гориво. Што се однесува до димензиите на автомобилот, тој ќе има максимална ширина од 2.000 mm и должина од 5.100 mm. Меѓуоскиното растојание ќе биде 3.148 mm со тежина на моторот од минимум 180 kg. Електро моторот е развиен од Bosch Motorsport а менаџментот со енергијата и складирањето на енергија се дело на Williams Advanced Engineering, додека седумстепениот хибриден менувач P1359 е развиен од Xtrac. Шасијата е конструирана заедно со Ligier.