Асот се враќа во коридата!
Lamborghini ќе го рестартира веќе прекинатото производство на моделот Aventador
Кога дефинитивно беше утврдено дека нема спас за Felicity Ace, бродот што го носеше скапоцениот товар кој сочинуваше над 4.000 автомобили на Volkswagen Group за американскиот пазар, Lamborghini ќе го рестартира веќе стопираното производство на моделот Aventador Ultimae, за да ги надомести 15-те примероци кои се наоѓаа на опожарениот брод кој се запали на 16 февруари и потона во Атлантикот 14 дена подоцна. Покрај нив, испод палубата се наоѓаа уште 70 примероци на „разулавениот бик“, повеќето модели Urus кои завршија на дното на Атлантскиот океан. На прес-конференција извршниот директор на Lamborghini, Штефан Винкелман, најави дека ќе го рестартира производството на Aventador Ultimae со V12 мотор. Шефот на брендот за суперспортски автомобили призна дека нема да биде лесно да се задоволат куќите кои ги очекуваа нивните возила Aventador Ultimae, додека за останатите опожарени возила вели дека се помал проблем, бидејќи нивното производство се одвива редовно. Дополнителен проблем е што клиентите, кои долго време ги плаќаа своите суперавтомобили и нивната единствена серија, ќе мора дополнително да чекаат. Не е познато и дали рестартирањето на производството на Aventador Ultimae ќе го одложи претставувањето на неговиот наследник со V12 хибриден погон чиј развој е при крај. Покрај марката Lamborghini, меѓу уништените автомобили се и 189 примероци на Bentley, над 1.800 Audi, Porsche и VW во вкупна вредност од 401 милион долари.

