Lada Niva – Rallye Dakar

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во чест на 45-ката!

Lada Niva се враќа на релито Dakar

објавено 30. октомври 2021

Руската теренска икона во текот на следната година ќе го прославува уникатниот јубилеј. Само неколку модели успеале да се одржат на пазарот 45 години, а само еден во речиси непроменета форма!

Производителот го подржува учеството на Team Red Legend кој ќе се натпреварува на престојното рели Dakar 2022. Двајцата Швајцарци, Марио Јакобер (возач) и Слаѓан Миљиќ (совозач), ќе настапат во категоријата на класици бидејќи нивната Lada Niva е произведена во 1984 година. За оваа пригода целосно е демонтирана и обновена а шасијата е зајакната. Токму во 80-тите години на минатиот век Лада Нива неколку пати успешно учествуваше на легендарото рели бележејќи две втори места во својата класа. Дакар 2022 ќе се одржи во Саудијска Арабија во почетокот на јануари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER