Kumho Tire ја освојува наградата за дизајн Red Dot пет години по ред!
Два од производите на Kumho Tire ги освоија наградите за дизајн Red Dot во Германија, со што компанијата стана првиот корејски производител на пневматици што се кити со ова респектабилно признание пет години по ред.
Наградените производи се два различни типови на пневматици опремени со технологијата K-Silent Tire, која ја потиснува бучавата предизвикана од триење помеѓу пневматикот и подлогата. За патничките возила тоа се моделите Crugen HP71 и Ecsta PS71 кои се прв избор за KIA EV6.
Пневматиците Road Venture MT51 се наменети за теренско возење и калливи подлоги пригодни за спортско корисни и пик-ап возила. Иако ги има препознатливите дијагонално поставени блокови за да се спречи заглавување на камчиња и кал, покрај теренските перформанси, благодарение на технологијата K-Silent Tire, Road Venture MT51 останува тивок наспроти робустниот теренски дизајн.


