KTM Super Duke R – Надвојводата со проширени ингеренции

Со низа измени зголемена е зафатнината и силата на агрегатот

За линијата Super Duke и неговата надградба R Evo за следната година KTM направи модификации. За оваа прилика зголемена е кубатурата за 110 милиметри и сега е искачена до 1350 кубни сантиметри. Меѓу другото има и нова кутија за филтер за воздух и нов регулатор на брегаста осовина.

Моторот сега ќе произведува 190 КС при 10.000 вртежи во минута. Машината, која се уште не се означува како 1390 Super Duke, го достигнува својот максимален вртежен момент од 145 Nm при 8000 вртежи во минута. Овие модификации произведоа десет коњски сили и пет њутн метри повеќе од претходно. Во исто време, Super Duke R е полесен. Новите спојлери на резервоарот и дополнителните крила го зголемуваат потисокот, додека новите пружински елементи ја зголемуваат удобноста и управувањето при возењето.

Визуелно, доминира целосно новата LED единица на предните светла, поткрепувајќи ја маркетиншката репутација на Super Duke како „Ѕверот“. Светлото автоматски се прилагодува на околината и има и функција „следење до дома“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER